Неверојатна сцена од Индонезија: Крокодил донел тело на удавено дете до брегот по кое спасувачите трагале

Во Индонезија е забележан неверојатен момент – еден од најопасните предатори на светот на својот грб го донел неповредено телото на 4-годишното момче кое се удавило во реката.

Момчето кое медиумите го идентификуваат како Мухамед Зијад Виџаја, исчезнало 2 дена претходно во близина на утоката во провинцијата Источен Калимантан.

Снимките од реката Махакам на Борнео покажуваат како огромниот крокодил плива низ водата, носејќи го момчето на својот грб.

Збунетите рибари го забележале рептилот додека пливал кон чамецот. За нештата да бидат уште поневеројатни, еден од најнемилосрдните убијци на природата го спуштил телото покрај чамецот, од каде го презеле двајца мажи.

Локалните медиуми јавуваат дека на телото немало траги од загризи. Припадниците на Агенцијата за пребарување и спасување на Источен Калимантан добиле информација дека крокодилот го носи детето по кое трагале.

Мелканиус Кота, водачот на спасувачкиот тим изјавил дека крокодилот всушност им помогнал во потрагата.

„Ништо не недостига на телото. Сè е недопрено“, навел Кота.

Засега сè уште не е познато што го предизвикало давењето кај малиот Мухамед, но според неофицијални извори детето не било жртва на џиновскиот рептил, туку случајно паднало во реката додека си играло.

Translate »