Вучиќ по победата на изборите: Победивме страшно убедливо со над 2 милиона гласа
Претседателот на Србската народна странка, Александар Вучиќ се обрати до јавноста од штабот на партијата после убедливата победа на изборите.
СНС освои над 62,5 отсто од гласовите.
-Во политиката сум долго, но ваков момент никогаш не сум доживеал. Вечерва ја добивме најголемата доверба од граѓаните во услови кога е тоа неверојатно. Добивме повеќе од 2 милиона гласа. Победивме страшно убедливо и таму каде никогаш не сме победувале. Победивме од Чикаго до Виена, Москва, со дури 57 отсто, а во Сочи со неверојатни 95 отсто – рекол Вучиќ, додека ракоплескањето од присутните не престанувало.