Пробавме Тарт од боровинки во пекара Бакал!

Летните денови, носат бројни предизвици особено кога станува збор за храната. Внимаваме тоа да биде нешто лесно, некалорично, со цел да бидеме во подобра топ форма. Но без нешто слатко сепак не можеме.

Го пробавме Тартот од боровинки во пекара Бакал. Уште на прв поглед не освои, а откако го пробавме, се воодушевивме. Лесен, вкусен…посебен, кој брзо се топи во устата, оставајќи ни убаво чувство и задоволство од добро направениот избор.

И не останавме на тоа. Ги прашавме кулинарските мајстори во пекара Бакал, како го подготвиле, и кои состојки им биле потребни.

Приготвување:

1. Се меша брашно, путер и шеќер се додека состојките не почнат да личат на презли. 

2. Додадете ја жолчката и мешајте додека да добиете цврсто тесто. Расукајте го на површина на која претходно сте ставиле малку брашно и со него обложете ја тепсијата. Дното на тестото избоцкајте го со вилушка. Ставете го во фрижидер да се лади 30 минути. Загрејте ја рерната на 200˚ C. 

3. Врз тестото ставаме хартија за печење и ја прекривме со зрната. Печевме 10 минути па ја тргнавме хартијата и зрната и го вративме тестото назад уште на 10-тина минути печење. Ја намаливме температурата на 180˚ C, и за неколку минути го извадивме

4. Потоа се матат  крем-сирењето, павлаката, Шеќерот, оревчето, јајцата и кората од лимон. Оваа мешавина се истура врз тестото па одозгора се ставаат боровинките. Печете 25–30 минути. Потоа оставаме да се излади и префрламе во чинија и поросуваме со шеќер во прав. 

За тесто: 

– 175 г брашно 

– 85 г путер исечкан на коцкички 

– 2 супени лажици шеќер 

– 1 жолчка

За филот:

– 115 г крем-сирење 

– 60 г кисела павлака 

– 60 г шеќер 

– малку мелено мускатно оревче 

– 3 јајца 

– кора од 1 лимон 

– 350 г боровинки 

– шеќер во прав 

Translate »