Најнова студија: Загадувањето на воздухот причина за ризикот од депресија и самоубиство

Научниците пронајдоа врска помеѓу загадениот воздух и самоубиствата, односно докажаа дека ваквите ситуации се случуваат во денови кога загадувањето на воздухот е големо, покажува најновата студија.

Тие ги анализираа студиите од 16 различни земји, за да утврдат какви последици остава вдишувањето на токсичните честички и како влијае на менталното здравје и сметаат дека токсичните честички во загадениот воздух предизвикуваат воспаление во мозокот кога при вдишувањето ќе влезат во крвотокот, а исто така влијаат на хормонот на стрес. Новите докази треба дополнително да ги зајакнат повиците за она што светската здравствена организација го нарекува  „новите цигари“, односно загадениот воздух.

Според податоците од истражувањето, намалувањето на присуството на ПМ 2,5 на м3, може да го намали и ризикот од депресија ширум светот за 15 проценти.

„Покажавме дека загадувањето на воздухот може да предизвика значителна штета на менталното здравје, а тоа го прави чистењето на воздухот уште поважно“, вели Изобел Браитваит од Универзитетскиот колеџ во Лондон која го предводеше истражувањето. Според неа, ризикот од самоубиства е поголем за два проценти во период од три дена.

„Најситните честички на загадувањето можат да стигнат до мозокот и до крвотокот преку носот, а со тоа го зголемуваат воспалението, ги оштетуваат нервите и влијаат на производство на хормонот на стрес што се поврзува со лошо ментално здравје“, додава таа.

Овој „тивок убиец“ носи седум милиони животи годишно ширум светот според податоците од Светската здравствена организација.

Translate »