Спречени два терористички напади во Македонија

„Во два случаи беа спречени инциенти и терористички напади во Скопје и Македонија“. Ова го изјави проф. д-р Марјан Ѓуровски за време на вчерашното гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Ѓуровски кажа дека тоа се случило благодарение на членството на земјата во НАТО, затоа што од земји партнери на Алијансата сме биле предупредени, и со тоа биле спречени напади во Скопје и Македонија.

„За среќа ги имаме партнерите на северно-атлантската алијанса, со кои воспостаивме еден добар систем на заштита на класифицирани информации. Имаме примери во два случаи во кои од земји партнери, бевме предупредени, и беа спречени такви инциденти и терористички напади во Скопје и Македонија“, вели Ѓуровски.

Translate »