БИЉАЛИ: НАЈГОЛЕМ СПАС ЗА МАКЕДОНИЈА СЕГА Е ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА ЗОНА
„Позитивно гледам на средбата меѓу Пендаровски и Мицкоски. Ние веќе 30 години збориме за политичка состојба, како да не знаеме да зборуваме за економска, технолошка, развојна состојба. Како постојано црни мачки да ни го пресретнуваат на патот. Нешто не ни оди, во однос на круцијалните прашања. Пред 1 година изнесов став дека ние можеби треба да бараме мораториум или прекин за преговорите со ЕУ. Мора да разбереме дека ЕУ си има свои проблеми. Треба да бараме влез во Европска економска зона. Ние заедно со регионот треба да се свртиме кон таа област. ЕУ сега е загубена во себе, има конфликти во себе. Нема силна локомотива која ја влече Европската Унија. Мислам дека САД ја заврши работата со НАТО, се друго е вербално поддржување“ – вели Мерсел Биљали, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.