Која е најбогата општина во источна Македонија?
Мислиш дека си во Швајцарија… Општина со одвај десетина илјади жители во срцето на македонскиот исток лани има четири компании кои во градот внеле приход што кумулативно надминува 130 милиони евра. Виница е пример за успех за многу македонски поголеми градови
Виница по територија и особено по население е една од најмалите општини на истокот и во земјава воопшто. Но Виница со цел респект може да се нарече македонско економско чудо затоа што веројатно има најсилна економија во споредба со многу поголемите општини на истокот. Градот историски познат по теракотите и оризовите полиња одамна не е земјоделска туку индустриска сила на македонскиот исток. Неговата економска елита слободно и без скромност може да се нарече „мала, но одбрана група на економски великани“.
Верувале или не „големата економска четворка“ на Виница лани во градот со помалку од 10.000 жители (реално) внесла повеќе од 130 милиони евра приходи!!!
Кој ја сочинува виничката голема четворка?
Најпрофитабилна компанија во Виница лани била австриската аквизиција Винербергер компанија која во светски рамки е премиум производител на керамиди и градежен материјал за покриви. Лани ова друштво, кое е сопственост на европскиот гигант Тондах, остварило профит од 2,8 милиони евра и по тој параметар е најуспешната виничка компанија. Приходот на „Виенербергер“ лани изнесува 9,6 милиони евра.
Дади Оил компанија специјализирана за транспорт на нафтени деривати убедливо е најголема виничка компанија која може да парира (од аспект на приходите) на многу големи македонски компании. Затоа што лани нејзиниот приход изнесува 81,4 милиони евра што е раст за 3 отсто во однос на 2019 година. Профитот на ова транспортно друштво лани е поголем за 4 пати од 2019 година и изнесува 1,4 милиони евра. Оваа фирма е сопственост на друштвото Дади Компани со седиште во виничкото село Јакимово.
Втората најголема кондиторска индустрија во земјава е од Виница. Неодминливиот Макпрогрес производител на разновидни колачи и слатки деликатеси. Ова друштво семејна фирма на тројца членови на семејството Цветанови лани оствари приход од 30 милиони евра и добивка од 1,1 милиони евра што е за 35 отсто помал профит од 2018 година.
И уште една голема виничка компанија овојпат во аграрниот сектор. Агровин е компанија чија специјалност е трговијата со земјоделска механизација и придружни машини. Лани оваа семејна фирма, сопственост на Сашко и Фиданчо Станоевски остварила приход од 1.1 милиони евра и профит од 122.000 евра.
Еве ги другите поголеми винички компании кои имаат профит што е еднаков или поголем од 100.000 евра
Најпознатиот винички производител на мебел Мебел Ви со приход од 5,9 милиони евра што е раст за 19 отсто од 2019 година и добивка од 772.000 евра.
СБВ Ромеро Витро странска инвестиција специјализирана за оггледување саден материјал која лани оствари приход од 3,9 милиони евра и профит од 585.000 евра.
Компанијата за товарен патен транспрот Партнер сопственост на Моне Стојков која лани остварила приход од 3,8 милиони евра и профит од 279.000 евра
Дади Компани СИМ со приход од 1,7 милиони евра и добивка од 185.000 евра.
Термостил друштво за производство фабрикувани метални производи со приход од 620.000 евра и добивка од 242.000 евра.
izvor: faktor.mk