Beiersdorf обезбеди 500 тони средства за дезинфекција во Европа
Beiersdorf го засилува производството на средства за дезинфекција од медицинското одделение во рамките на својата европска производствена мрежа, со цел поддршка на колективната борба на општеството против пандемијата предизвикана од коронавирусот.
За почеток, Beiersdorf AG (компанија која ги произведува реномираните брендови Еуцерин и Нивеа) итно ќе обезбеди 500 тони средства за дезинфекција на критичните служби за итни медицински случаи како и за болничкиот персонал. Санитетските медицински производи се произведуваат во производствените погони на компанијата во Хамбург, Валдхајм (Саксонија / Германија) и Трес Кантос во близина на Мадрид, Шпанија.
Компанијата е во тесна координација со локалните власти, а дистрибуцијата првенствено е насочена кон клиниките и болниците, за медицинскиот персонал. Целта е да се обезбеди најбрза и најефикасна испорака на санитарни средства директно од фабриката до медицинскиот персонал за итни случаи.
Минатата недела Beiersdorf AG ги создаде техничките предуслови за производство на средствата за дезинфекција и сега започнува со сериско производство.