Погледнете ја страшната снимка од авион: Отруениот Навални барал помош на цел глас! Завршил на респиратор по шолја чај
Авионот со кој рускиот опозициски лидер Алексеј Навални летал од Томск во Москва, итно слетал во Омск, бидејќи на Навални му се слошило, а постои сомнеж дека е отруен.
Како што се наведува, наеднаш му се слошило откако пред летот испил шолја чај.
Судејќи по снимката од авионот, Навални барал помош поради силни болки.https://www.youtube.com/embed/9W1jR5u2M7k
“Навални моментално се наоѓа на одделение за интензивна нега, каде се вршат сите физикални прегледи”, се наведува во соопштението на Владата на Омската област.
Владата потврдила дека леталото на “S7 Airlines” итно слетало денес на аеродромот во Омск.
Претходно портпаролката на Фондот за борбата против корупција, Кира Јармиш, соопштила дека се претпоставува дека “Алексеј е отруен со нешто што му било ставено во чајот. Тоа било единственото нешто што го консумирал утрото”.
Таа навела дека Навални е приклучен на респиратор и дека е без свест. Главниот лекар на болницата во Омск, Александар Мураховски рекол дека Навални е на интензивна нега и дека неговата состојба е тешка.