НАШЛЕ НА СРЕД ПАТ ВРЕЌИ СО МИЛИОН ДОЛАРИ: ОНА ШТО ОВА СЕМЕЈСТВО ГО НАПРАВИЛО Е ЗА НЕВЕРУВАЊЕ (ВИДЕО)

Едно семејство од Каролина Каунти во Мериленд пронајде вреќи со скоро милион долари кеш на автопат минатиот викенд.

Додека се возела со семејството, Емили Сканц забележала дека торба испадна од комбе и удрила во нејзиниот автомобил.
Застанала и забележала дека има уште една таква торба оддалечена околу 15 метри на патот, па ги однела и двете и ги натоварила во својот автомобил, не знаејќи дека во нив има скоро милион долари.

Таа потоа се возела директно во канцеларијата на шерифот и пријавила дека на автопатот пронашла торби со неидентификувани содржини, а набргу потоа било утврдено дека во торбите има пари.

Истрагата утврдила дека торбите со пари испаднале од оклопното возило за транспорт на пари и дека тие најверојатно биле наменети за банката, но сè уште не се знае како паднале од возилото.

„Ние направивме вистинска работа, затоа што не се наши пари“, изјавила Емили Сканц.

Translate »