„АНПЛАГД“ НАСТАП ВО ЖИВО НА БИЛИ АЈЛИШ ВО СОРАБОТКА СО TELEKOM ELECTRONIC BEATS

На 1-ви јуни, добитничката на Греми и Оскар, Били Ајлиш, приреди незаборавно шоу како дел од турнејата Telekom Electronic Beats. Пред официјалниот почеток на нејзината европска турнеја, 20-годишната изведувачка одржа ексклузивен настап во салата Телеком Форум во Бон, заедно со нејзиниот брат FINNEAS. Двајцата изведоа специјално акустично шоу пред околу 1.900 восхитени обожаватели.

anplagd-nastap-vo-zhivo-na-bili-ajlish-vo-sorabotka-so-telekom-electronic-beats-01 (1).jpgФотографија: Интимниот концерт на Били Ајлиш целосно достапен на барање © Дојче Телеком, Пејман Ажари

Оние обожаватели коишто не можеа да бидат таму сега имаат можност да го доживеат концертот на eb.tv, YouTube каналот на Telekom Electronic Beats и MagentaMusik. Македонските фанови ќе може да го видат концертот на MaxTV видеотека.

Незаборавното шоу, коешто траеше околу 55 минути, ја поведе публиката низ двата прославени албуми „WHEN WE ALL FALL ASLEEP, WHERE DO WE GO?“ и „Happier than ever“. Придружувана од својот брат FINNEAS, Ајлиш претстави соголена верзија од своите светски хитови како „Ocean Eyes“, „Bad Guy“ и „Happier than ever“.

За Улрих Кленке, Главен директор за бренд во Дојче Телеком, настапот во живо е круна на соработката со Били Ајлиш: „Концертот произлезе од нашите иницијативи со уметницата за „What We Do Next“ и „Futureproof“. Били ги инспирира младите да тргнат по нови патишта на иднината. Вечерашниот концерт уште еднаш докажа: Големите нешта се создаваат преку заемни искуства. Како меѓународна музичка платформа, Telekom Electronic Beats сака да продолжи да се развива во оваа насока“.

Преземи ексклузивна содржина за Били Ајлиш

Translate »