Лесни изгореници. Како да ја негувам својата кожа?

Изгорениците се едни од најчестите повреди во домаќинствата. Најдобро за кожата е да делувате веднаш, за колку што е можно повеќе да ги спречите последиците. Во случај да се изгорите,сериозните изгореници имаат потреба од итна медицинска нега, но за лесните, површински изгореници на кожата на возрасните, ќе биде доволна и домашната нега.

Што претставува изгореница?

Изгореницата е рана, предизвикана од дејство на топлина, пламен, триење или сончевите зраци. Најчести причини за изгореници на кожата се следните:

  • Изгореници од зрачење: најчесто се среќаваат оние од прекумерно изложување на сонце
  • Топлотни изгореници: изгореници од жешки предмети, течности (како течности што вријат) или оган (вклучително пламен од кибрит и запалки)
  • Фрикциони изгореници: обично се комбинација од триење со истовремена топлотна изгореница (контакт со тврда површина), како на пример патишта, килими, подови на фитнес сали или јажиња
  • Електрични изгореници: од електрични извори
  • Хемиски изгореници: од средства за домашна или индустриска употреба

Какви видови изгореници има?

Изгорениците варираат по интензитет и се класифицираат во зависност од оштетувањето што е направено на кожата и на ткивото под неа:

  • Изгореници од прв степен: наречени и „површински изгореници“. Тоа се најлесните изгореници и го зафаќаат само епидермалниот (надворешен) слој на кожата. Кожата нема рана, но е црвена (дури и бела на притисок), отечена и болна.
  • Изгореници од втор степен: наречени и „изгореници кои одат во длабочина “. Кај нив оштетувањето на кожата се протега од најнадворешниот слој на кожата до дермисот. На кожата се појавуваат меури, таа е црвена, влажна и болна.
  • Изгореници од трет степен: најтешките видови изгореници се познати и како „изгореници во цела дебелина“. Тие го оштетуваат ткивото, а можеби и коската под површината на кожата. Тие често се кафени/црни и суви на изглед и бидејќи често се повредени и нервите, може да не се болни.
Aquaphor

Лекување при изгореници: што треба да направам ако се изгорам?

Препораките за лекување при изгореници варираат во зависност од тежината на изгореницата:

  • Изгореници од прв степен: обично се лекуваат во домашни услови, но сепак треба да се консултирате со лекар, ако изгореницата зафаќа површина на кожата со пречник поголем од 7 см и е на лицето или на некој зглоб.
  • Изгореници од втор степен: може да има потреба од локален антибиотик и чести преврски. Се препорачува консултација со лекар, особено ако изгореницата зафаќа поголема површина или е на лицето.
  • Изгореници од трет степен: хемиските и електричните изгореници бараат брза медицинска интервенција и потребно е да се обратите на најблиската служба за итна помош или да се консултирате со лекар во зависност од тежината на повредата.

Нега на кожата при лесни и површински изгореници од прв степен

Првиот чекор во негата при изгореници од прв степен е да се потопи делот од телото со изгорена кожа во студена вода или да се држи под млаз студена вода од чешма најмалку 5 минути.

Потоа можете да ја процените состојбата на кожата:

  • Акокожатае иритирана и црвена, можете да нанесете крем за изгореници или заштитен мевлем како Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа. Мевлемот обезбедува SOS нега од којашто кожата има потреба и ја забрзува регенерацијата на кожата. Тој образува полуоклузивна заштитна бариера на површината на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата. Глицеринот во формулата е ефикасен навлажнувач, којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека мевлемот го забрзува оздравувањето на повредената кожа.

 

  • Во случај налесни сончеви изгореници нанесете смирувачки производ за после сончање, како на пример Eucerin After Sun Крем-гел на засегнатата кожа.

Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл:

Translate »