Ученици фрлиле 14 годишно девојче од прозорец во училиште во Аеродром

Татко на 14 годишно девојче денеска во полициската станица Аеродром пријавил дека во петокот (28 септември) неговата ќерка била фрлена од прозорец од училницата во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, потврдија од МВР за НОВА.

Според пријавата од таткото, четири малолетници-ученици во училиштето за време на малиот одмор од 10.30 до 11 часот, го фатиле за нозе и раце девојчето, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и го фрлиле на земја. Девојчето има телесни повреди.

Од МВР за НОВА велат дека се преземаат мерки и дека родителите, децата и управата на училиштето ќе бидат повикани на разговор.

 

Translate »