НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картички
НЛБ Банка започна нова промотивна кампања, во период од 16 јуни до 16 јули, наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Mastercard Business картички.
Правните лица кои се корисници на НЛБ MasterCard Business картичките, но и оние кои во промотивниот период ќе аплицираат за нова картичка, добиваат единствена можност да ги искористат придобивките на промотивна кампања.
Имено, новите корисници имаат можност да ги добијат картичките без членарина за првата година на користење, додека постоечките корисници на Mastercard Business картички кои ќе направат најмалку 15 трансакции и ќе остварат промет поголем од 100.000 денари ќе добијат бесплатна членарина за основната картичка за следната година на користење и уникатен подарок.
Mastercard Business картичките се наменети за фирми и претпријатија кои имаат потреба од сигурен, но едноставен начин на плаќање и регулирање на службените трансакции. Картичките се на име на правното лице и можат да се користат за разни трансакции и бизнис плаќања, како што се секојдневни службени трошоци, подигнување готовина или пак деловни патувања во земјата и во странство.
Повеќе информации за Mastercard Business картичките и за промотивните понуди на НЛБ Банка можете да добиете на веб страница www.nlb.mk, или преку во контакт-центарот на телефонскиот број 02/15 600.