Кровните градини се иднината на урбаното живеење!
Денес модерната архитектура ни дава примери за објекти без ѕидови, за модерните стилови кои се засноваат врз новите технологии на градење – особено употребата на стакло, челик и армиран бетон. На се повеќе примери за кровни градини, како иднина на урбаното живеење, кои се одговор на интензивната урбанизација и прегустите градски средини. Архитектите истакнуваат дека кровните градини се неопходни во градските средини, посебно таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили.
Кровните градини се иднината на урбаните средини. Нивната важност е до тој степен голема што одредени земји како на пример Франција воведоа закон со кој сите нови згради и комерцијални зони делумно треба да бидат покриени со растенија или соларни панели. Во Норвешка нема закон, но веќе секој втор покрив е со зеленило и тоа е еден од главните симболи на оваа земја и дел од традицијата со векови.
Кровните градини покрај што ја зголемуваат естетската вредност на еден објект, влијаат позитивно на подобрување на глобалната микроклима во градовите, го намалуваат нивото на бука, влијаат на прочистување на воздухот, ја прочистува дождовницата а дури и воздухот внатре во објектот.
Во услови кога изчезнуваат зелените површини во нашите градови, а се соочуваме со загадувањето и глобалното затоплување, кровните зелени површини можат да бидат еколошката алтернатива која може многу да помогне велат архитектите. Според нив кровните грaдини стануваат интегративен дел од архитектонскиот и естетскиот изглед на еден објект, особено во густото градско јадро, посебно кога станува збор за компании кои сакаат да креираат место каде вработените може да најдат мир и простор за релаксација.
Кровните градини редуцираат и до 20 отсто енергија за топлење и ладење, и се многу добар звучен изолатор. Брзо ги апсорбираат поројните дождовни води, дел ги задржуваат а вишокот постепено и споро го дренираат, одбегнувајќи поплави во одводната и канализациона мрежа. Кровните градини покрај многубројните еколошки бенефити, ја зголемуваат пазарната вредност на објектите и секако се исплатливи за инвеститорите и корисниците.
“Во градските средини се повеќе се намалуваат зелените површини, се помалку има простор за растенијата, што е дополнителен мотив за постоењето на кровните градини. Нашата цел е квалитетните, екстензивни, инстант кровни градини спакувани во иновативниот продукт Семпервел, да бидат физички, материјално и технички подостапни! Масовно да се проектираат и изведуваат, првенствено во Македонија, бидејќи обезбедуваат бројни поволности. Претставуваат надокнада на заробените зелени површини под објектите. Ги подобруваат нивните звучни и термички карактеристики, ја штитат изолацијата, штедат енергија. Ја апсорбираат прашината, го прочистуваат воздухот. Создаваат простор – место за куса пауза и одмор. Влијаат на расположението го намалуваат стресот, го убиваат сивилото и внесуваат живот врз бетонските зданија”, вели експертот за хортикултура Ѓорѓи Самарџиев, од градинарскиот центар ФОЈА.