Др Бабамова: совети за правилно одржување на забите кај децата!
Првиот стоматолошки преглед на вашето дете направете го веднаш по навршување на втората година. Во тој период веќе се присутни најмалку 16 од вкупно 20 млечни заби. Ова е идеален период за првата средба со стоматологот и воспоставување на нивна взаемна доверба. На тој начин засекогаш ќе го заштитите вашето дете од непотребен стрес и ќе допринесете кон градење на позитивен однос кон одењето на стоматолог. Исто така ова е идеален период во кој може да се идентификува склоноста кон циркуларен кариес, како и да се направат првите интервенции кои во тој период се најчесто тотално безболни. Доколку е се во ред, препораката е да се прават контролни прегледи на секои три месеци.
Вториот значаен период е периодот на промена на млечната со трајна дентиција и истиот започнува околу шестата година. Познато е дека во истиот тој период а некогаш и значително порано се појавуваат и првите трајни молари, познати како шестки. Постојат и случаи каде нивното појавување е уште на пет па дури и четири и пол години. Затоа, апел до родителите, будно да ги следат промените кои во тој период се случуваат во усната празнина на детето и соодветно да реагираат. Тоа подразбира, уште веднаш да се обратат кај стоматологот кој ќе го констатира присуството на првите трајни молари. Препораката е да се изврши нивно навремено запечатување и залевање, со што ќе се спречи таложење на плак на површините кои се места со најголема можност за појава на кариес.
Од овој период па се до единаесетата година, следува појавата на сите останати трајни заби а нивната состојба треба будно да се следи и понатаму. Поради интензивните промени во овој период, препораката и понатаму е конролни прегледи на секои три месеци.
Уште еден многу важен период за оралното здравје на вашето дете е периодот на влегување во пубертет. Во тој период е исклучително нагласено влијанието на хормоните. Нивното зголемено присуство иницира промени во составот на плунката и нејзината густина, со што на директен начин влијаат на состојбата на меките ткива но и на самите заби. Зголемената е склоноста кон воспаленија и крварења на гингивите, кои стануваат болни и натечени а одржувањето на оралната хигиена е значително отежнато и честопати непријатно. Затоа, во овој период, изборот на соодветна четка за заби е од особено значење. Препораката е да се користат четки за заби со кварц, кои се двојно поефикасни во отстранувањето на забните наслаги, а уште поефикасни се само со вода, што ја поедноставува нивната употреба. Се препорачува четкањето да биде после секој оброк, во траење од една ипол до две минути, при што освен површините на забите, со кружни движења да се направи и блага масажа на непцата. Резултатот ќе биде видлив уште по првите неколку четкања. Самиот кварц има исклучителен елиминирачки ефект врз наслагите а на забите им дава висок сјај и белина. Воедно, ослободува и негативни јони, кои покажуваат голем афинитет кон јоните на Ca++ од плунката, кои се најодговорни за таложење на наслагите, со што спречуваат нивно таложење и даваат чувство на чистота која трае. Поради нивната мекост и ефикасност, претставуваат мотивирачки фактор и поттикнуваат позитивен однос кон четкањето и одржувањето на редовна орална хигиена.
Одењето на стоматолог не треба да претставува стрес. Денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија така што стравот кој постои од одење на стоматолог е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.
Таа во својата ординација воведе иновативен метод на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни. “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго“ вели Д-р Бабамова. Сето погоре набројано, ја прави оваа метода мошне атрактивна за нашите пациенти. Tel: 02 244 4255