Видео: Напаѓач пукаше во хор пред црква во Њујорк, полицијата го застрела

loading...

Напаѓач пукаше со огнено оружје во хор за време на настап пред црква во Њујорк, по што полицијата го застрела.

Неколку часа по инцидентот, напаѓачот им подлегнал на повредите. Од полицијата во Њујорк соопштија дека напаѓачот отворил оган пред катедралата во Менхетн, додека на нејзините скали настапувал хор, пренесува Њујорк пост. 


Тој пукал во воздух и кон полицијата, но никого не повредил, според Ројтерс. Осомничениот бил ранет од полициски службеник и тој бил пренесен во локалната болница каде починал.

Пукањето се случи за време на бесплатната Божиќна претстава на скалите на историската црква, што ја одржа хорот на катедралата. Настанот беше првиот јавен настан на таа црква откако пандемијата на коронавирус го погоди „Големото јаболко“, наведува агенцијата.

Translate »