На што треба да внимавате при избор на стан
Купувањето стан е животна инвестиција. Токму затоа изборот е проследен со многу дилеми. Од една страна се можностите, а од друга потребите и желбите. Како да ги усогласите? Како да изберете стан? На што да внимавате? Од што да се водите во изборот? Во реализацијата на оваа многу важна одлука и инвестиција во вашиот живот, секако треба да обрнете на неколку работи:
Локација
Изборот на локацијата е еден од најважните моменти при купувањето стан. Локацијата ја определува вредноста на недвижнината не само во моментот кога купувате, туку и во иднина, при евентуална нејзина продажба. Локацијата го определува и начинот на живот бидејќи тој е “врзан”со инфраструктурата на локацијата: градинка, училиште, продавници, поврзаност со центарот на градот, јавен превоз…
Доколку има празни парцели околу локацијата што ќе ја одберете, пожелно е да се провери што е предвидено да се гради, како и каде ќе бидат поставени новите објекти, кога ќе почне нивната изградба.
Зграда
Доколку купувате стан во Скопје, добро размислете, дали саката да се вселите во зграда изградена пред земјотресот, по него или пак преферирате – новоградба. Внимавајте на пристапот до зградата. Ако зградата нема лифт, размислете дали ќе бидете подготвени секојдневно по неколку пати да се качувате и симнувате по скалилата, често со полни торби. Без оглед на локацијата, неопходно е зградата да има паркинг за сите станари. Обрнете внимение на топлотната и на звучната изолација, на фасадата и на дрвенаријата. Ако изберете новоградба проверете дали инвеститорот има зачувано некој стан за себе. Тоа би било најдобра проепорака за вас. За велосипедите и за некои други “дребулии” несомнено е добредојдена заедничка остава или подрум.
Пониска цена по квадрат за плаќање на почеток на изградба
Секогаш треба да имаме во предвид дека доколку сме во можност, цената по квадрат е пониска за плаќање на почеток на градба. Попустот може да биде од 5-20% од регуларната цена, така што тоа може да биде значајна заштеда во средства.
Стан
Сите настојуваат да добијат повеќе квадратни метри за сумата што може да ја платат. Меѓутоа, архитектите укажуваат дека покрај квадратурата многу важен е и распоредот во станот. Потребно е да се проучи и можноста за адаптација на станот, да се има предвид кои ѕидови се носечки, каде се клучните инсталации, дали може да се добие дополнителна соба или, пак, да се обезбеди некакво проширување или адаптација.
Во големите станови често “се губи” многу простор во ходниците, додека помалите станови, по правило, се порационално искористени.
Обрнете особено винимание на прозорците, колку тие се зачувани, дали обезбедуваат адекватна заштита од зимскиот студ и од летните горештини.
Кај становите пак што се наоѓаат на приземје би било добро на прозорците и на балконските врати да има сигурносно обезбедување.
Неопходни документи
Најважниот документ е имотниот лист. Пред купувањето, во катастарот и во судот проверете дали е станот под хипотека. Проверет дали зградата има валидна градежна и употребна дозвола. Во преддоговорот и во договорот за купување на станот мора јасно да бидат прецизирани обврските на купувачот и на продавачот.
Ако сакате дом во срцето на Скопје, да инвестирате во недвижност која никогаш нема да изгуби на вредност, туку може само да порасне, комплексот Лимак Diamond е нешто за што вреди да се размисли. Вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, хотел со казино и паркинг со капацитет за над 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.