Уживањето кое го пружа пиењето свежо мелено кафе!
Кога имате момент за себе, без разлика колку е тој брз или краток, денот тече поинаку. Еден од тие бесценети моменти е пиењето на првото кафе во денот во мир и тишина. По првата голтка свежо мелено кафе ништо повеќе не изгледа толку страшно или стресно. Навистина има нешто во врска со таа прва голтка силно, вкусно свежо мелено кафе што ги буди вашите рецептори за вкус во устата и полека чувството на задоволство се шири низ целото тело, се активира мозокот и веќе сте подготвени за дневните предизвици. Се чини дека кафето толку добро влијае на нашата благосостојба, што го амортизира дневниот притисок и ни изнудува насмевки!
Култот кон кафето постои во скоро сите култури низ Земјава. Затоа не случајно оваа магична напивка е предмет на многу истражувања и анализи, кои се поврзани со психолошките и биолошките бенефити кои ги има по човековото здравје. Кафето нè буди, ни го загрева срцето за денот кој следува но има сериозни здравствени придобивки кои се движат од подобрување на вашата меморија до намалување на ризикот од рак. Научниците веќе со години знаат дека кафето го стимулира ослободувањето на допаминот во мозокот, кој произведува чувство на еуфорија и среќа па затоа луѓето толку ја сакаат онаa прва утринска шолја кафе.
Се чини дека сè е полесно со шолја кафе. Пиењето кафе со некој е многу важен ритуал во нашето општество. Во нашите краишта имаме навика да седнеме на кафе и тоа да трае 2, 3 часа и во тој тек да се сменат повеќе расположенија, да се договорат зделки, да се решат тешки проблеми, да се кажат тајни… Научно е докажано дека кофеинот ги има истите ефекти врз човековото тело како благ антидепресив, па затоа оние кои редовно го консумираат свежо меленото кафе, се генерално посреќни и попозитивни во врска со нивните животи.
Неговото височество кафето делува и како ароматерапија. Силната и моќна миризба ја намалува стресната состојба. Едноставно постојат огромен број причини поради кои вистинското и квалитетно кафе го чува вашиот организам и доброто расположение. Затоа не двоумете се кога ќе посакате да ја вкусите оваа чудесна напивка. Речиси и да не постои возрасен човек кој не ужива во друштвото на кафето. Се разбира неговата подготовка, ритуал на консумација варира од култура до култура, но можеме да потврдиме дека кај нас кафето е и те како популарно и омилено. Македонците и луѓето од регионот отсекогаш знаеле што е добро кафе и со него никогаш не правеле компромис. Турското кафе се враќа во мода и тоа денес е уште поголем повод за зближување меѓу луѓето. За ова говори и сè поголемата продажба на квалитетно свежо мелено, турско кафе во Македонија, па така го запрашавме, еден од најпознатите производители во регионот кај нас, „Гранд Кафе“ кои ни го потврдија овој факт и според нив бројот на љубители на свежо кафе е зголемен во изминатата година. Тоа се луѓе на кои што им е важна свежината на кафето, аромата, и полниот вкус кој го овозможува свежо меленото турско кафе. Ваквото кафе, не создава тегоби во желудникот, туку напротив, дава чувство на единствено и уникатно кафе, какво што е токму Гранд Кафе.