Колагенот и неговите придобивки на кожата, косата, и мускулното опоравувањe

Колагенот е најзастапениот протеин во човековото тело. Но, за жал постојат многу фактори што влијаат на неговото намалување, кое почнува веќе по 20тата година. Стареењето и стресот се главните фактори, но тука се повеќе други како: хормонални промени, алкохол, недоволен сон, пречесто изложување на UV зраци, дехидрација.

Треба да знаеме дека иако храната која ја јадеме содржи колаген, најчесто не ги конзумираме оние делови од храната каде што најмногу е концентриран колагенот. Токму затоа се препорачува да се конзумира колаген како суплемент во исхраната. Нема дилеми дека тој е толку многу важен за нашето тело, посебно говедскиот колаген.

Говедскиот колаген е природен протеин што се наоѓа во ‘рскавицата, коските и кожата на кравите. Овој тип на колаген е многу сличен со она што го имаме во нашите тела и обезбедува колаген од типови I и III. Колаген тип I и колаген тип III се главните компоненти на кожата, косата, ноктите, мускулите, тетивите, лигаментите, коските, непцата, забите, очите и крвните садови. Заедно, типот I и III колаген сочинуваат повеќе од 90 проценти од колагенот во нашите тела.

Колагенот од говеда е богат со аминокиселина глицин, неопходна за градење здрави нишки на ДНК и РНК. Ова се основните генетски градежни блокови за правилно функционирање на телесните клетки. Глицинот е исто така една од трите амино киселини што формираат креатин. Познато е дека креатинот создава здрав раст на мускулите и енергија при одредена физичка активност. Колагенот од говеда, исто така, обезбедува амино киселина пролин. Пролин игра клучна улога во способноста на телото да произведува сопствен колаген.

Придобивки од говедскиот колаген:

1. Помага во третирање на остеоартритис

Многу истражувања укажуваат за позитивното влијание на колагенот во третирање на болестите на коските и зглобовите како артритис. Ваквата состојба на зглобовите предизвикува трошење на ‘рскавицата, што доведува до болка. Бидејќи ‘рскавицата е составена од колаген, редовното конзумирање на говедски колаген може да помогне во нејзино обновување.

2. Ја подобрува цревната флора

Колагенот содржи витални амино киселини, кои се корисни за целиот гастроинтестинален систем. Истражувањата покажуваат дека една од овие амино киселини, глицин го подобрува варењето на храната со зголемување на желудечната или желудочната киселина. Оваа киселина е основна дигестивна течност произведена во стомакот. Преку употреба на говедски колаген се зголемува ниското ниво на киселина во стомакот, а со тоа следува и подобро варење на храната и намалување на воспалителните процеси.

3. Ги гради мускулите

Говедскиот колаген е структурен протеин што се наоѓа во кравите, и затоа претставува висок извор на протеини. Поконкретно, говедскиот колаген содржи типови I и III колаген, кои се најдобрите типа колаген за конзумирање кога станува збор за oпоравување по одредена физичка активност како и закрепнување на мускулите. Колагенот тип I и колагенот тип III претставуваат потпора за тетивите и лигаментите. Со конзумирање на колаген пред или по физичка активност можете да му помогнете на вашето тело да закрепне подобро и побрзо.

4. Влијае на подобрување на сонот

Направени се многу студии на луѓе и животни кои покажуваат дека глицинот влијае на невротрансмитерите на начин што обезбедува поквалитетен сон, правејќи го колагенот од говеда природен причинител за подобар сон.

5. Го подобрува квалитетот на кожата

Кога се зема внатрешно, колагенот навистина може да го подобри целокупното здравје на вашата кожа, правејќи одличен природен производ за нега на кожата. Говедскиот колаген помага да се формира еластин и други соединенија во кожата кои се одговорни за одржување на составот, текстурата и изгледот на кожата.

Колагенот активно влијае на намалување на видливите знаци на брчки, подуеноста и други знаци на стареење. Кај многу луѓе се јавува намалување на целулитот кога конзумираат храна и суплементи кои содржат колаген, бидејќи целулитот се формира поради недостаток на сврзно ткиво.

Како да откриете кој тип на колаген е најдобар за вас?

Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на ‘рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото“што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.

Што да се користи за зглобови?

Се препорачува колаген Peptan® матрикс кој e 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, а е произведен по француска технологија. Говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам. Mоже да се нарача преку следниов линк https://arboreal.mk/kolagen/

Translate »