НЕОФИЦИЈАЛНО: Полицискиот час од недела од 14.00 до вторник до 05.00 изутрина
Според неофицијални информации, полицискиот час кој треба да се воведе за време на продолжениот викенд ќе трае од недела во 14.00, до вторник во 05.00 часот изутрината.
Комисијата за заразни болести даде предлог до Владата, забраната за движење да почне од утре (сабота) од 19.00 часот. па се до вторник, и карантинот да трае 58 часа, се со цел да се обезбеди поголема заштита на здравјето на луѓето во периодот на епидемијата.
Владата денеска во 17.00 закажа седница на која ќе донесе конечна одлука од кога ќе важи забраната за движење.