Норвешкиот нобеловец кој го предвидел распадот на СССР повторно со прогноза – го најави падот на “американската империја“

Јохан Галтунг, норвешки социолог кој што го предвидел распаѓањето на Советскиот Сојуз, предупредил дека САД како глобална сила е во фаза на забрзан пад и дека ќе се распадне во 2020-та година.

Научникот кој што бил номиниран и за Нобелова награда, во 1980-та година учествувал на научната конференција во Москва во текот на која што јавно изјавил дека за десет години Берлинскиот ѕид ќе падне, а дека СССР ќе се распадне.

Според негово мислење, распадот бил условен од неколку контрадикции кои што постоеле во внатрешноста на советскиот систем.

„Зборуваме за конфликтот меѓу сојузот и неговите партнери кои што сакаа да стекнат независност од Кремљ, конфликтите меѓу РСФСР и другите републики во внатрешноста на СССР кои што бараа поголема автономија, создавање на социјалистичка буржоазија, привилегирани партиски елити, развој помеѓу градовите и селата“ – прецизирал Галтунг.

Московската јавност истата таа година не посветила многу внимание на споменатата изјава на нобеловецот.

Меѓутоа, Берлинскиот ѕид опстојуваше до 9-ти ноември 1989-та година, по што распадот на СССР не можеше да биде запрен.

Потоа норвешкиот научник стекнал популарност во САД, а Американците го нарекоа “живиот Нострадамус“.

Норвешкиот професор, точно предвидел и други историски настани, меѓу кои и големите протести во Кина и нападот на 11-ти септември.

Уште во 2000-та година тој предвидел дека САД како глобална сила ќе се распадне до 2025-та година. Меѓутоа, за време на администрацијата на Буш, Галтунг ја поместил својата прогноза за колапс во 2020-та година.

Во социјално-научната книга „Падот на американската империја – што понатаму“, во 2009-та година тој прецизирал дека порастот на фашизмот во Америка ќе биде доминантен во периодот на опаѓање на нејзината моќ.

Исто така тој додал дека односот на САД кон НАТО ќе укаже дека тие престануваат да бидат суперсила.

Translate »