Службеници пазете се, доаѓаат роботите!

Роботите штедат пари и  време. Ова е заклучокот до кој дојде  швajцарската банка “Ст. Галер Кантоналбанк” (SGKB ) која замени  седум  службеници со пет роботи и раководството е  презадоволно од резултатите,  пишува “Дејли мејл”. Роботите не само што си ја вршат работатата исто како луѓето, туку и можат да работат по дваесет  часа дневно, седум дена во неделата  без одмор. Менаџментот вели дека тие се  поефективни. Пилот проектот во банката е толку  успешен што се планира купување уште роботи до крајот  на месецот.

Тестот е направен минатата година  кога  р0ботите имале задача да ги  префрлаат  податоците  на  клиентите од фајловите во  Офис Ексел. Тие тоа го направиле без грешки и пред рокот.

-Роботите се уште не работат како шалтерски службеници, но во тек е деталната проценка за нивната ефикасност и потенцијал, вели  Феликс Бушор,  еден од директорите на  банката.

– Размислуваме дали можеме да ги искористиме и во  други сфери”, објаснува Бушор.

Дел од службениците се исплашени дека робитите ќе ги заменат на нивните рабтони места.  Истражувањето на ” GFT Technologies” минатата година покажа дека  новите технологии и вештачката интелигенција можат да предизвикаат револуција во финансискиот сектор. Роботите најлесно можат да бидат вклопени и искористени  во администрацијата  и рестораните за брза храна. Милиони работни места се загрозени во голем број области, а  луѓето имаат приоритет само во градинарството, водоинсталатерството  и работата со деца.

 

Translate »