Прегазена жена во кругот на Клинички

На сервисната улица во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера во 11.30 часот со автомобил била прегазена 69-годишна жена.

Од МВР информираат дека патничко моторно возило „Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентнтиот центар при Комплексот клиники. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Translate »