Климатските промени ќе предизвикаат недостиг на пиво
Зачестените топлотни удари и суши предизвикани од климатските промени ќе го намалат приносот на јачмен, а со тоа и производство на пиво, објавија научници.
Јачменот е многу подложен на суша и жештина, а неговото производство ќе се намали ако продолжат климатските промени, што ќе предизвика недостиг од пиво и зголемување на цените, се вели во студија објавена во Nature Plants.
– Целта на оваа студија не е да ги поттикне луѓето да пијат повеќе денес, рече Дабо Гуан, професор по економика на Универзитетот Источна Англија во Норвич.
– Ако не сакаме да се случи ова, ако се уште сакате да имате пиво или две, тоа е единствениот начин да работиме заедно за да се бориме против климатските промени, рече тој.
Само јачменот со најдобар квалитет (помалку од 20 проценти од вкупното глобално производство) се користи за пиво. Со останатиот дел се храни добитокот.
Ако глобалното затоплување продолжи со ова темпо, екстремни жештини и суша ќе ги зафатат регионите каде јачменот се одгледува барем еднаш годишно. Ова ќе доведе до пад на производството на пиво за 16 проценти. Поради тоа, цените ќе се зголемат двојно во просек, вели студијата.