Есенска бомба полна здравје – Дуња
Уште помалку е познат фактот дека името мармалад потекнува од португалскиот збор за дуња – marmeleiro, зошто првобитно мармаладот се правел од дуњи. Меѓутоа, дуњата не треба да се гледа само како украсно овошје, туку и како лек, и како здрав и вкусен есенски десерт.
Плодот на дуњата расте на стебло со средна големина кое достигнува висина од 2,5 до 4 метри. Розеникаво-белите цветови на дрвото се појавуваат во пролет, а потоа се раѕвиваат во златножолти плодови. Сезоната за берење на дуњите започнува во септември.
Дуњата е нискокалорично овошје кое во 100 г содржи само 57 калории. Изобилува со диетални влакна, содржи витамин Ц, витамини од Б комплексот, тиамин, рибофлавин, и пиридоксин и минералите бакар, железо, калиум и магнезиум. Во некои извори дури се наведува дека содржи витамин Б17. За овој витамин многу малку се зборува во службените публикации, а во алтернативните кругови го сметаат за еден од најлековитите природни лекови за рак.
Секојдневното конзумирање на дуњите се покажало благотворно за џигерот, при пролив, дизентерија, чир на желудник, туберкулоза, и болести на очите. Високата концентрација на диетални влакна во дуњата помага при слабеење. Кај проблеми со цревата или желудникот, дури и нема подобар лек од компотот од дуњи. Сокот на дуњата помага при пореметувања на крвните садови, дишни или гастроинтестинални пореметувања. Големото количество на антиоксиданти кои ги содржи дуњата ѕначително го намалуваат риѕикот од рак. Тинкурата направена од сокот од свежи плодови (Tinctura Ferri cydoniata) има моќно лековито дејство против бледилото и слабокрвноста. Дуњата можете да ја искористите и како освежувач ѕа просторот. Едноставно ставете ја во просторијата која сакате да мириса убаво.
Семки од дуња
Благодарејќи на големото количество на слуз, семките од дуњата ја негуваат и хидратираат кожата. Го регулираат процесот на природно влажнење, помагајќи и на кожата да ја задржи потребната влага, па затоа стануваат се позастапени во светската козметичка индустрија. Се препорачуваат како едно од најдобрите средства против декубитус, опекотини, испукана кожа, чешање или како облог за воспалени очи.
Чај од семки на дуња
Чајот од семки од дуња помага во ослободувањето од стрес и несоница. Помага и при воспаленија на усната шуплина и грлото, и како средство за ублажување на болки.
За да го направите овој чај, потопете лажичка семки од дуња со вода и оставете ја да отстои преку ноќ. Загрејте ја течноста пред конзумирање и пијте по три шолји на ден. Истиот чај, но незагреан можете да го користите против кожни проблеми како локално средство.
Чај од листови
Прелијте лажичка исушени листови од дуња со половина литар врела вода. Исцедете ја течноста после 30 минути и пијте додека е топла. Чајот од листови помага кај проливи на деца и бебиња, а исто така и во третирање на акни.
Дуњата во кујната
Сировата дуња не може да се јаде поради својата рапава структура, но ако отстои доволно долго на топло, оваа структура се губи по малку, па може без проблеми да се јаде. Ако сакате да ви стои подолго време сирова, чувајте ја во фрижидер или на ладно место. Инаку, претставува вистински деликатес и од неа се подготвуваат мармалади, џемови, компоти, желе, сок, колачи, салати и сосови.
Лековити својства на дуњата:
- Го помага слабеењето
- Го смирува проливот
- Ја подмладува и хидратизира кожата
- Се користи против акни
- Помага при болести на џигерот и очите
- Корисна е ѕа болести на цревата и желудникот
- Делотворна е при анемија
- Го намалува стресот и несоницата
- Нејзините семки штитат од рак