Бананите не треба да се јадат за појадок

Бананите содржат 25 отсто шеќер кој нагло го зголемува нивото на инсулин. Последица од тоа е што стануваме уморни и брзо огладнуваме.

Значи, ако наутро на работа за појадок изедете банана, набрзо ќе бидете пак гладни.

Но добрите вести се тоа што доколку не сакате да се откажете од бананата за појадок, можете да ја комбинирате со здрави масти, зачини или зачински билки кои не го креваат инсулинот до небо. На пример, со бадеми или со чиа семки.

Така ќе се неутрализираат киселините од бананите и ќе се искористат предностите на калиумот, влакната и магнезиумот, без притоа да ви скока шеќерот.

 

Translate »