Вознемирувачко видео:Ќерката на богаташот уби пет лица, а десетици се борат за живот

Алиона Зајчева (20) ќерка на украинскиот тајкун Василија Зајчев, кој е директор на локална енергетска компанија, вчера со својот џип од марката Лексус покосила група луѓе во украинскиот град Харкив. За несреќата во која животот го изгубиле пет лица, а десетици со тешки повреди завршиле на клиника, известуваат сите светски медиуми.

Алиона првин поминала на црвено светло, а потоа удрила во возило од марката Туарег, по што од силината на ударот нејзиниот џип се превртел и удрил во група луѓе кои стоеле покрај патот. Таа останала неповредена, а веднаш по несреќата на самото место дошле две возила со вооружено обезбедување, кои ја штителе Зајчева од разбеснетите сведоци на настанот.

Според украинското министерство за внатрешни работи, во несреќата загинале пет лица, помеѓу кои и петнаесет годишно девојче, а помеѓу тешко повредените кои се борат за живот имало и трудница во седмиот месец на бременоста.Алиона не била под дејство на алкохол и и бил одреден тридневен притвор. Украинсите блогери јавно изразуваат загриженост дека младата наследничка може да биде ослободена иако поминала на црвено, бидејќи татко и е еден од најбогатите луѓе во Украина.

 

Translate »