Метеж во централното градско подрачје во Скопје

Голем метеж се создаде во централното градско подрачје во Скопје, особена на улицата,, Орце Николов. Нервозните возачи свиера во колоната која едвај се придвижуваше на улицата. Причина за ова е велосипедското дефиле кое започнува од порта,, Македонија,, а ќе заврши кај школка во Градскиот парк.

Велосипедистите ќе се движат по улицата Димитрие Чуповски, булеварите Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев, ВМРО, Партизански одреди, 8-ми Септември и булеварот Илинден.

На велосипедското дефиле ќе се приклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Во Градскиот парк ќе биде организирана забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.

Translate »