МВР: Покренати 5 постапки за говор на омраза на социјалните мрежи
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека за говорот на омраза на социјалните мрежи министерството за внатрешни работи веќе покренало пет постапки.
„Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе не можеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор.“, Рече Спасовски во интервју за 1тв.
Министерот за внатрешни работи информира дека се работи на откривање и на други профили на социјалните мрежи преку кои се ширел говор на омраза.
„Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обивнителства во Скопје, Струмица и во Куманово и секако дека ако се случуваат и во наредните денови ќе имаме реакција“ – посочи Спасовски