Захариева: Димитров и Коѕиас постигнале начелна согласност за името, сега треба премиерите да го одобрат и објават
“Димитров и Коѕиас постигнале начелен договор за името и сега се очекува двајцата премиери да го одобрат и објават тоа”, изјави во Брисел бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Taa истакна дека на работниот појадок на министрите за надворешни работи, македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров ги информирал за актуелните преговори за името со Грција.
Дискусиите на работниот појадок, кој се одржа во рамките на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, претстојното австриско претседавање и во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ, беа фокусирани на политичките состојби околу евроинтегративните процеси на Република Македонија, имплементацијата на реформската агенда на Владата, како и добрососедските односи.