Девојчево наполни 50 години, а сега позира гола со гитара меѓу нозете
Гола и со електрична гитара (украсена со дијаманти) меѓу нозете, вака убавата Австралијанка позираше на својот 50 -ти роденден. Кајли Миног покажа дека годините не ѝ можат ништо.
Меѓу сликите кои ги постираше славната поп ѕвезда, се најдоа и оние од периодот кога таа се лекуваше од ракот на дојка, кој и беше дијагностициран во 2005-та година. Таа беше оперирана , а потоа примаше и хемотерапија. Во 2006-тата, Кајли Миног ја победи болеста.
Кајли Миног својот прв сингл го издаде на 19 години и оттогашима продаде над 68 милиони плочи низ целиот свет. Стана славна со улогата во сапуницата “Соседи” со Џејсон Донован, во 1985 тата година.