Зоран Кардула-Во чест на југословенскиот дизајн!
Графичкиот дизајнер и општествено активен интелектуалец, Зоран Кардула ја најави својата седма серија на дизајни и редизајни со мотив од Југославија.
Оваа серија е посветенa на кибритчињата Драва и начинот на кој тогашната држава успеваше да ги пласира сите информации, a во овој случај zа техничкиот напредок во авиоиндустријата и свемирската програма и достигнувањата на тоа поле во светот.
Сегашните дизајни се резултат на фасцинираноста од начинот на кој овие информации се пласираа до обичниот човек, преку едноставен дизајн и кратка информација пренесени на производ кој секој го користеше и секогаш беше при рака. Начин на комуникација кој влијаеше степенот на општа култура да се подигне на повисоко ниво. Дизајни кои ја покажуваат едноставноста и ефикасноста во комуникацијата, и нејзиното влијание врз секојдневниот живот на луѓето во тоа време.
Повеќе на: