Аеродромот „Чанги“ во Сингапур доби нова атракција – водопад на затворено, поточно најголемиот водопад на затворено во светот. Водопадот е висок како седумкатница или 40 метри. Дневно испумпува 500.000 литри дождовна вода, која е собрана на покривот на зградата Jewel, што е една петина од волуменот на еден олимписки базен.