Како да се реагира и соодветно да се заштитат младите од сајбербулинг!

Во денешното дигитално време, социјалните медиуми и онлајн платформите станаа составен дел од секојдневниот живот. Tие ни овозможуваат брза и достапна комуникација, споделувања на информации, искуства, фотографии, видеа… носат бројни предности, но ипредизвици и недостатоци. Таква негативна нуз појава е и говорот на омраза на интернет и сајбербулингот, кои може да имаат сериозни последициврз менталното здравје на младите и да доведат и до социјална изолација.
Дефинитивно оваа е тема за која треба да се разговара, а сите засегнати страни треба да дадат свој придонес за нејзино надминување.
Исклучително е важно да се преземе акција за заштита на младитеод оваа штетна појава. Дури 24% од младите барем еднаш се почувствувале небезбедно на интернет во последната година.


Една од најважните работи што родителите, старателите или воспитувачите можат да ја направат е да се информираат за ризиците од сајбербулингот. Да научат како да ги препознаат знаците на оваа појава и најважно како да разговараат со младите луѓе за ризиците од споделување лични информации на интернет. Возрасните треба да ги охрабрат младите луѓе повеќе да размислуваат пред да објават нешто онлајн, бидејќи тие содржини може да бидат злоупотребени. Младите треба и да се упатуваат никогаш да не поддржуваат, или пак самите да креираат, онлајн содржини што се несоодветни и може некого да повредат.


Според Професорот Огнен Спасовски од Институтот за психологија,  “За да можат децата и адолесцентите соодветно и безбедно да реагираат на случаите на булинг на интернет, потребно е системско развивање на соодветни вештини низ соработка и меѓусебна поддршка на училишниот кадар и родителите и активна партиципација на учениците. Низ соодветни програми, континуирано на сите возрасти, кај децата и адолесцентите треба да се развиваат психо-социјални компетенции (кои вклучуваат соодветни знаења, вештини и проактивни ставови). Имено, децата неретко реагираат со агресија и насилство во вообичаени животни ситуации (со оправдувања за своите постапки), со што се отпочнуваат верижни и повратни процеси на меѓусебно врсничко насилство – кога исти деца во исто време се и агресори и жртви на насилство. 
Во исто време кај децата треба да се развива психолошка отпорност, односно вештини да се справуваат со ситуации на негативните коментари на социјалните мрежи, на начин што нема да се одрази како загрозување на нивното ментално здравје.”.
Ако млад човек се соочи со сајбербулинг треба веднаш да се преземе акција. Честопати младите не знаат точно што треба да направат. На тоа упатуваат и многу анкети и истражувања:

Важно е и да се создаде безбедна средина за младите луѓе, како онлајн така и офлајн. Ова може да вклучува поттикнување позитивни односи со врсниците и со возрасните, градење самопочит и меѓусебна доверба. Тоа би се постигнало со иницирање отворена комуникација за чувствата и искуствата на секој млад човек.
Фондацијата Телеком заедно со УНИЦЕФ почнаа иницијатива за борба против говорот на омразана интернет.Преку работилници со професионалци од различни области, младите ќе ги адресираат проблемите, ќе учат како да се справат со нив и ќе креираат кампања со која ќе ја подигнат свеста на своите врсници и на целата јавност. Работилниците ќе се организираат во мај и на нив можат да се пријават сите млади на возраст од 14 до 19 години, со пополнување на следниот формулар: https://t.ly/p08z
Заштитата на младите од сајбербулинг е заедничка одговорност која бара акција од сите во општеството како целина. Со тоа што сите чинители на општеството се информираат, преземаат акција кога е потребно, создаваат безбедна средина за себе и своите деца. Тоа е најсигурниот начин да им се помогне на младите луѓе да напредуваат во денешниот дигитален свет.

Translate »