“Механичка шума“ сместена во центарот на Сингапур, со цел да се збогати градот со зеленило.
„Механичка шума“, сместена во центарот на Сингапур, претставува вистинско светско чудо. Целта на овој необичен парк е да се збогати градот со зеленило.
Шумата се состои од 18 стебла, високи педесет метри, кои „се однесуваат“ како вертикални градини.
На нив растат разни билки како орхидеи, папрати… На посетителите им е овозможено да се качат на нив и да го разгледаат градот.
Проектот го осмислила владата на Сингапур како би го подобрила квалитетот на животот во градот. Украсните стебла ноќе светат, а преку ден впиваат енергија преку соларен систем.