АДВОКАТОТ ТОРТЕВСКИ ЛАНСИРА НОВ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ: ЦРВЕНА ЛИНИЈА НА „ТВОЈА ПАРТИЈА“ ЌЕ БИДЕ ПРАВОТО И ПРАВНАТА ДРЖАВА

Нов субјект на политичката сцена. Иницијативниот одбор на т.н „Твоја партија“ зад која стои познатиот скопски адвокат Александар Тортевски синоќа се состана во Кинотека на Македонија. Домаќините најавија дека фокусот е на спроведување на правото и функционирање на правната држава, а за периодот што претстои ќе биде утврдена платформа, ќе биде изготвен Статут како и модел на организацијата.

„За некои можеби е голема задача, за некои можеби е невозможна мисија, но нашата идеја е да ја направиме Македонија пристојно место за живеење и од тоа нема да остапиме. Во таа насока живеам и работам 30 години и не се откажувам“, истакна Александар Тортевски пред гостите.

На состанокот на ИО на „Твоја партија“ беше забележително присуство и на личности од јавниот живот како универзитетската професорка Мирјана Најчевска и актерката Ирена Ристиќ.

„Еднаш корумпиран политичар, секогаш ќе биде корумпиран политичар. Правна држава се спроведува со правила, критериуми и процедури што ги немаме“, се обрати Најчевски пред присутните во Кинотека на Македонија.

Фото: facebook/Irena Ristic

Translate »