ЛУКОИЛ Македонија отвори бензинска станица во Гевгелија, пред влезот во Грција- Автопат Е 75
Од сега кога патувате во Грција пред да ја напуштите нашата граница ќе можете да наточите високо квалитени горива во ново отворената бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија.
Ова е 30-та бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија и е отворена во соработка со компанијата „Ранерс“, а се наоѓа на ул. Бошко Бозаџиев бр.6 А, Мрзенци, пред влезот во Грција, Автопат Е 75.
Бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата и се простира на површина од 3.400 м2, со објект од 420 м2. Во склоп на бензинската станица има ресторан со широк асортиман на вкусни јадења, паркинг за лесни и тешки возила.
На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, ТНГ, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман, wi-fi и други поволности.