На столбот на срамот на улиците на Солун: Дали ќе ја предадете Македонија?
Сликите на пратениците од Сириза, Независни Грци и Потами , кои го поддржуваат Преспанскиот договор , а се избрани во Солун, синоќа , осамнаа на улиците во центарот на градот .
Непознати лица постерите ги поставиле дури и пред партиските седиштата на Сириза и Независни Грци.
Истите циркулираат и во социјалните медиуми во Грција, со прашањето до пратениците : Дали ќе ја предадете Македонија?