Меѓународна криминална група крадела од сефови во македонските банки
Јавното обвнителство донесе одлука да ја истражува филмската кражба на вредни предмети од сефовите на Шпаркасе банка и Централна кооперативна банка. По, година и половина отккако 5-мина граѓани реагираа дека им недостасуваат, пари, злато, накит и вредни предмети обвинителството соопшти дека гони 4-ца украинци, еден молдавец, казакстанец и американец дека сториле 19 кражби и украле предмети и пари вредни 1,7 милиони евра.
- Користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови. Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви – калаузи за нивно отворање, велат од ЈО.
Сценарито е познато, но ги нема крадците и парите.
- До овој момент, еден од осомничените е лишен од слобода во Латвија, додека двајца во Таџикистан.“
Одземените вредни предмети од сефовите биле изнесени од државата. Бандата пљачкала и во други земји. По, првичниот сомнеж и демантот на Шпаркасе сега и обвинителството потврди дека крадците немале помош од вработен. Рекламата е дека банката ја гарантира тајноста на сефот изнајмен од клиентот кој во потполна дискреција и без чекање може да пристапат до содржината на сефот. Дискрецијата и тајноста ја искористиле и крадците кои се уште не се упасени.