Филипче: Викендот за први мај треба да биде целосно затворен

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека одлуката за викендот  за први мај ќе биде донесена на утрешната седница на владата.

Тој рече дека денес се одржал утрински состанок на кризниот штаб каде го изнел мислењето на комисијата за заразни болести, која со консензус смета дека викендот треба да биде повторно целосно затворен како за Велигден.

Translate »