Радослав Нановиќ: Иднината со DHL ќе биде уште поинтересна и спектакуларна

Интервју со Радослав Нановиќ генерален директор на DHL Македонија

  1. Годинава, DHL Македонија одбележа 25 години постоење во земјава. Како би ги претставиле досегашните успеси и достигнувања на DHL локално?!

DHL Експрес Македонија за овие 25 години постоење на македонското бизнис тло покажа извонредна динамичност во развојот, со стапки на раст што се споредливи со останатите пазари во југо-источна Европа, а во некои години и видливо над тој просек. Низ годините и децениите зад нас, македонскиот тим континуирано демонстрира високо ниво на професионалност и посветеност на успехот, како и способност за справување со предизвици. Би сакал да истакнам дека DHL е една од првите, ако не и првата странска инвестиција со 100% странски капитал во самостојна Македонија, што јасно зборува за нашата посветеност кон корисниците во земјава. Податокот дека DHL Експрес има 57% пазарно учество е наше најголемо признание за досегашниот успех и потврда дека се движиме во вистинската насока.

  1. Што допринесува DHL да отскокнува на пазарот на курирска достава?

Гледајќи наназад од навидум “малата” претприемачка иницијатива и првиот пионерски лет на Dalsey, Hillblum и Lynn во 1969 година, до глобален лидер во светот на експресниот транспорт и логистика можеме да кажеме дека DHL е синоним за развој и  успех. Ако кажеме дека денес компанијата оперира 2500 летови дневно  од/до 500 аеродроми во светот, и со своите 100.000 вработени во 220 земји секојдневно извршува 1.000.000+ испораки, мислам дека сме кажале доволно. Но, она што навистина нé издвојува од останатите е експертизата на нашите вработени, нивното знаење и ‘can do’ ставот. Ако треба да издвојам три фактори на успехот, веројатно би зборувале прво за континуирано инвестирање во инфраструктурата и во развојот на луѓето, како второ, иновативност и општествена одговорност, и над сè – ориентација кон корисникот. Сметам дека ова се квалитетите кои DHL денес го прават еден од најпочитуваните брендови во светот, му го чуваат лидерското местото на пазарот и го одвојуваат од останатите.

  1. Технологијата уште повеќе ја раздвижи и овозможи размената. Како DHL Македонија успева да ги утилизира последните технолошки иновации?

Дигитализацијата е во фокусот на нашето делување години наназад, и цениме дека е од огромно значење за нашиот натамошен развој и просперитет. Зошто? На современиот глобален пазар се случуваат коренити промени (во делот на моделите на продажба, на пример) кои пак предизвикуваат промена или “нарушување” на етаблираните, постоечки модели на оперирање. Многу познати и моќни брендови, денес, постигнаа планетарен успех токму “нарушувајќи”  ја традиционалната поставеност во сопствената индустрија. Поради тоа, ние цврсто решивме дека ќе бидеме лидер во дигитализацијата на нашата дејност. Денес над 70% од трансакциите се случуваат преку смартфон – затоа DHL континуирано развива и применува сопствени дигитални решенија што овозможуваат едноставно и сигурно користење на нашите услуги. Веќе денес, нашите корисници имаат на располагање голем број на е-алатки со кои можат да направат нарачка на услуга, да договорат време на достава, да дадат дополнителни оперативни инструкции, да испечатат фактура и многу други сервиси, без притоа воопшто да има потреба од контакт со cекторот за грижа на корисници. Ние дигитализацијата ја гледаме како шанса за пронаоѓање и опфаќање на нови можности. Ќе истражиме, ќе инвестираме и ќе примениме  нови бизнис модели што ќе нé одведат подалеку во иднината на логистичката индустрија. Ова значи дека иднината ќе биде уште поинтересна и спектакуларна!

 

  1. Каква услуга е MyDHL и какви решенија за управување со пратките им нуди на корисниците на DHL услугите?!

DHL цврсто верува во моќта на дигитализацијата и предностите што ги опфаќа, компанијата целосно е насочена кон изнајдување и развој на дигитални решенија што пред сé ги идентификуваат и ги разбираат потребите на клиентите, овозможувајќи им едноставно користење на нашите услугите. MyDHL претставува онлајн портал што овозможува единечен пристап до сите наши бесплатни онлајн алатки за подготовка на пратки. Нашиот сеопфатен пакет на најсовремени решенија за транспорт овозможува изработка на електронски товарен лист, организирано курирско преземање, зачувување адресни информации, користење проактивни услуги за следење на пратките, автоматизирање на транспортот и контрола на трошоците и најзначајно од сè –  заштедува драгоцено време на нашите клиенти, ги минимизира или сведува на нула телефонските повици кон секторот за грижа на корисници. Нашето дигитално решение е идеално за мали и средни претпријатија со редовни транспортни потреби до големо волуменски бизниси со голем обем на пратки. MyDHL е само уште едно доближување и пресретнување на потребите на нашите клиенти.

  1. Преку програмата GoGreen за заштита на животната средина, групацијата DHL дефинираше нова глобална цел: Нула емисија на штетни гасови до 2050 година. Како DHL се подготвува да ги исполни овие смели цели?!

Следејќи ги актуелните трендови, може да се заклучи дека освен робусната транспортна платформа (авиони, стратешки лоцирани хабови, возила, стручни и мотивирани луѓе), поврзаноста и паметната примена на иновативните технологии ќе бидат клучни за развој на индустријата. Сметаме дека тие ќе бидат факторот на диференцијација и клуч за успех. Ние во DHL не ја чекаме иднината – како пионер и лидер во индустријата, работиме на многу проекти:  светот е веќе сведок на успешната примена на нашиот Parcelkopter, на примена на роботика и автономно-управувани машини во сортираните центри и уште многу други примери на висока технологија што со секој нов ден сè повеќе го олеснува животот на нашите корисници.

Она што ќе ја обележи иднината на логистичката индустрија секако ќе бидат напорите да се одговори на предизвиците на новото време: одржливост, општествена одговорност, грижа за здравата околина, одговорност за заедницата и високи етички стандарди во работењето. И тука, од позиција на глобален лидер во логистичката индустрија.DHL е силно посветен на овие теми, добар дел од нив се веќе наша реалност: Global Volunteer Day, Go Teach, Go Help, Disaster Relief, (1.000.000 засадени дрва секоја година, рециклирањето и многу други проекти). Исто така, нас нé одликува и грижата за подобрување на животот, условите за работа и задоволството на нашите вработени, што неколку години по ред се потврдува со изборот на DHL за Top Employer Europe или Global Top Employer.

За да ја илустрирам најдобро нашата позоција на лидер, иноватор и визионер на логистичката индустрија ќе ја споделам со вас, според мене, “круната” на нашата GO GREEN стратегија – “НУЛА штетни емисии до 2050”. Освен што секојдневно го минимизира штетното влијание врз околината применувајќи е-мобилност и незагадувачки возила (проект StreetScooter, велосипеди во градските јадра итн), DHL се обврзува до 2050 година да воведе и практикува процеси на работење кои ќе бидат целосно незагадувачки за околината. Ако се земе предвид како и со кои средства, во 2018-та оперира логистичката индустрија, ќе се сложите дека ова е можеби една од најсмелите, а секако и најкомплексни преземени обврски на денешницата. А дека сме сериозни во намерата, ќе докажеме уште во 2020-та кога најмалку 70% од нашите активности за преземање и достава – ќе се извршуваат со незагадувачки возила (електро, вело итн).

 

Translate »