Видео: Нападната жена која ги провоцираше учесниците на протестот на ВМРО-ДПМНЕ
На вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Основниот суд Скопје 1 дојде до помал инцидент откако една повозрасна жена довикуваше до говорниците на бината дека ако вака продолжат нема да се вратат на власт уште 100 години. Нејзините дофрлувања не беа добро прифатени од страна на една исто така повозрасна жена која ја нападна и се закануваше дека ќе ја растргне видно вознемирена од искажаните зборови. Во обид да го сними инцидентот новинарот Христијан Баневски од ТВ 24 исто така доби провокации од учесниците во протестот кои се обидоа да го блокираат иако тој беше на службена задача и си ја вршеше својата работа како и секој друг новинар.
Мирољубиви, правдољубиви патриотишта мај ес!
Posted by Hristijan Banevski on Friday, December 1, 2017
Превземено од Фактор.мк