Решение за смрдливи стапала и за оштетена кожа

Една прави “произведува квалитетна органска козметика. Се работи за ќерка фирма на граѓанската организација “Една може” . Палетата  производи  е разновидна. Дороти Пачкова  од ” Една може” вели дека почнале со мелем од мацерати од диви билки и пчелин восок, по рецепт на нејзината  баба.

-Мелемот е за третман на оштетена кожа, за удрени места на палави дечиња, ранички, декубитиси, изгореници, за тврда и рапава кожа и за луксузна нега на здрава кожа. Потоа приклучивме природни сапуни кои се 4 пати со поголем процент на масленост од индустриските, а изродивме над десетина сапуни за секакви намени, за лице, за тело, за стапала, за интимна нега, за дечиња, за ексфолиација, за чуствителна кожа, за циркулација, против инфекции, антистрес, антифунгални, за честа употреба, за коса, за машка брада, за бебиња. Имаме кондиционери за тело од живи овошја, најчесто сезонски, наши органски овошки. Имаме лип балсами, восоци и меки путери, природни минерали и мацерати од диви цвеќиња за усни. Живи путери за нега на кожа на лице или за нега на кожа на тело, путер од манго и авокадо. Најженствениот путер во најчиста форма-органски ши путер кој е безбеден за употреба и кај новороденчиња, но е и број еден производ за здрава убавина на кожа. Суров какао путер, неприкосновен антиоксиданс, регенерира и спречува стареење, лекува лузни а во летните денови е препорачлив за нега и на кожа и на коса. Јадливи пилинзи за капење, масни, од мед, од хималајска сол, куркума, од живи зачински билки или бобинки. Јадливи пилинзи за магични усни и користење во од, од слатки бадеми и кокосови ливчиња. Живи пасти за заби на база на индиски јорговани и жалфија или на база на кокосово млеко и активен јаглен за избелување на забите и смирување.

За мажите произведовме восок за брада, чија што формула ни ја дари наш драг оддржувач и духовен еманципатор, кој самиот ја произведувал па продавал и која е докажано предобра, а за истото сведочат и брадестите мажи кои секојдневно ја побаруваат од нас. Сапун против смрдливи стапала кои руши рекорди помеѓу несреќниците со оваа мака и восок за нега на машки усни, заедно со тврдиот шампон за машка брада и коса.

Најхрабриот производ е природниот мелем за интимна нега  и е единствениот мелем на пазарот за интимна употреба кој мора да го поседува секоја жена, девојка, мајка или баба. Смирува воспаленија, габични инфекции, ја збогатува интимната флора, ја зајакнува одбрамбената функција и благопријатно дејствува на интимната зона, без никакви штетни влијанија.

 

Со купување на козметичките гифт боксови на „Една прави” директно ја поддржувате мисијата на Една може! – подобар свет за самохраните мајки и нивните дечиња и ја стабилизирате одржливоста на единствената активна организација „Една може!“

Со задоволство ја споделувам нашата овогодинешна понуда на козметички гифт боксови за деловни соработници корпоративни партнери и вработени.

Еден козметички гифт бокс (универзален, машки, женски, детски clear box…) чини од 360 до 3500 денари, со можност заеднички да го креираме според вашите потреби.

 

Translate »