Клас од ,,Корчагин,, по 30 години повторно ќе одат на екскурзија низ Југославија

Веднаш да ве предупредиме , овој текст е само за оние кои израснале во бившата ни заедничка држава, добрата стара Југославија . Се слушаа Бајага и Парни ваљак,  а на екскурзии се одеше низ Југославија.  Нашата соговорничка,  Ленче Костовска Павловска , редовен читател на нашиот портал, раскажува: “Бевме деца на едно друго време, безбедни и среќни.  Завршив во Корчагин, а триесетина години подоцна,  нашата дружба се уште трае. Иако, дел од класот одамна замина  од Македонија во потрага по подобар живот, одлучивме да се собереме и да го повториме гиманзиското патување низ Југославија” , вели Костовска, присетувајќи се на рефренот на  Бајага: ” Моји су другови, бисери расути по целом свету”.

 Генерација 65-та, родена и израсната во Југославија. Во тоа време беше традиција средношколците да одат на екскурзија низ бивша YU.  Сега  планирате пак да ја повторите турнејата. Зошто?
-Среќна сум што сум родена во 1965. Мојата генерација 80/84 во Корчагин беше посебна. Сплотеноста, искреноста и грижата едни за други беа основите на нашето другарство во класот “седумка”. А тоа трае и до ден денес. Оттаму и мотивот да ја повториме екскурзијата низ некогашна Југославија.
На екскурзија низ Југославија
Идејата ја поттикна другарка ми Кети, која со уште петмина од  нашиот клас живее во
Австралија. Плитвице, Дубровник, Сараево… сето тоа би го повториле уште еднаш.

 Голем  југо-носталгичар сте, кои беа вашите идоли во тоа време и дали се уште одите по концерти на бивши YU ѕвезди? 

-Имавме идоли и музички и  спортски , а филмовите од бившите простори останаа ненадминливи. Бајага, Балашевиќ, Парни Ваљак, Оливер, Чола … И денес сум  нивен редовен фан. Не пропуштам ниедна можност да ги видам на сцена.

Не секогаш можете да го видите Раде Шербеџија како во Универзална  рецитира  “Не дај се Инес” , или да му довикнете на Бајага која песна да ја испее само за вас во некој клуб. Го читавме Момо Капор, Нин и Галаксија, ги гледавме Маратонци…. Имавме светски шампиони во кошарка.

Ленче Павловска со синот и Бајага

И по Тито, Тито, како сега го коментирате тоа. Точно ли е дека се што е слатко има крај, како што вели песната?

-За жал , убавите работи секогаш кратко трајат. Па така беше и со таа убава бивша држава која имаше претседател кој сакаше хумано општество за сите граѓани.  Но, најважно е што и после толку време,  ние од седмица,  се  уште се дружиме. Порано, секој 10-ти јуни одевме во парк со две гитари, а и сегашните дружења чест завршуваат со гитара и ју -песни.

Translate »