И оваа година фризери и make-up артисти од Македонија беа дел од престижниот Болоњски саем за професионални фризери!
Веќе традиционално и овој март 2023 година компанијата Вертикал Вејв – која е овластен дистрибутер на професионалниот бренд за коса IMEL Profesional, организираше посета на најголемиот саем за козметика и фризерство COSMOPROF Болоња, Италија.
Станува збор за еден од најголемите и најпрестижни саеми на светот во областа на модната козметика и фризерството. Место каде во месец март мора да се биде! Каде сите оние кои сакаат да се надградуваат, нешто да научат, и да бидат во тек со најновите трендови го посетуваат и разменуваат искуства со нивни колеги од целиот свет.
Голем број на македонски фризери и техничари, како и make-up артисти уживаа во одличната саемска организација која оваа година беше на фанатастично ниво, и истовремено имаа можност да ги видат фризерските бравурии на вештите мајстори од различни земји од светот.
Македонските претставници имаа можност и подетално да се запознаат со новитетите и од колекцијата на IMEL Profesional, козметика која ја негува косата, и која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет. Производите можат да се најдат само во фризерските салони.