Јеремиќ: Заев ѕвезда на Генералното собрание во Њујорк(Видео)
На Генерално собрание на ОН , светот дискутираше за Иран и Северна Кореја, а лидерите од Западен Балкан не беа на радарот на настаните во Њујорк, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, изјави Вук Јеремиќ, поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН.
„Македонскиот премиер Заев беше, условно речено, еден вид ѕвезда. Имаше добра атмосфера и голем интерес за Македонија и за авентуално решавање на проблемите кои ги имаа со Грција, како и за отворање на перспективите, како за таа земја, така и за регионот“, изјави Јеремиќ во јавувањето во живо од Њујорк за телевизијата Н1.
Vuk Jeremić uživo iz Njujorka za N1 o zasedanju Generalne skup…
Uživo iz Njujorka za televiziju N1 o zasedanju Generalne skupštine UN
Posted by Vuk Jeremić on Friday, September 22, 2017