Закажана средба меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг-Ун до мај

Лидерот на Северна Кореја,  Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп ќе остварат средба  до мај. Локацијата на средбата дополнително ќе биде утврдена.

Ова го соопштија властите на Јужна Кореја , оценувајќи го состанокот како “чудо”.

Средбата ја иницираа властите на Северна Кореја.

Средбата ја поздрави и Пекинг. “Работите одат во добар правец”, се вели во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи.

Translate »