Пивара Скопје донираше летниковец во Општина Ѓорче Петров
Во духот на нам добро познатиот слоган “За Нас” на Скопско пиво, „Пивара Скопје” денес донираше нов летниковец, овој пат за жителите на населбата Ѓорче Петров.
Ова ново место за дружење и рекреација наиде на многу позитивни реакции од “ѓорчевци” кои се познати по негувањето на маалскиот живот и дружбите меѓу соседите, а посебно пријатно изненадување беше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, кој е познат по својата непосредност и блискост со граѓаните од неговата општина, и го затекнавме токму тука:
“Пред се’, би сакал да им се заблагодарам на нашите пријатели од “Пивара Скопје” за донацијата на овој летниковец. На ваков начин, ја враќаме сплотеноста и истовремено им овозможуваме на граѓаните на едно урбано место да се дружат, релаксираат, да играат шах, табла, да разговараат за секојдневнието… Маалскиот живот во Ѓорче Петров е одлика на нашата општина, и токму затоа, особено ми е задоволство што на ова место, односно во населбата Даме Груев каде е поставен летниковецот, граѓаните ќе имаат можност да ја продолжат таа традиција”.
Инаку, „Пивара Скопје” донира 15 летниковци за повеќе општини во државата, очекувајте наскоро и вашата општина да биде разубавена со ново место за искрени дружби и насмевки.