Кандидат за премиер позитивен на вирусот нема да гласа: Немаат право на глас ниту граѓаните кај кои е потврден Ковид-19 по 8.јули
Кандидат за премиер на една од владејачките партии нема да гласа на утрешниите избори бидејќи е позитивен на Ковид-19. Решението го добил денеска, но не знае кога и каде се заразил со вирусот. Во текот на изборната кампања имал контакт со многу државни и партиски функционери, но и со граѓани. Неговото пшоследно јавно обраќање е на 12.јули.
Од Државната изборна комисија велат дека сите граѓани кои по 8.јули добиле резултати дека се позитивни на Ковид-19 нема да можат да го остварат нивното право на глас на овие предвремени парламентарни избори.
– Граѓаните кај кои е потврден вирусот и кои се во изолација гласаа вчера и тоа е завршен процес. Тие имаа право да се пријават да го остварат правото на глас заклучно со 8.јули. Сите кои имаат добиено резултати по овој датум нема да можат да отидат утре на избирачките места и да го остварат нивното избирачко право. Истото важи и за кандидатот за премиер и за кој било друг, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.